Рускиот интернационалец Павел Атман по завршување на сезоната ќе го напушти македонскиот првак, Металург и ќе замине во тимот на Веспрем.

Атман во редовите на Металург пристигна од Динамо Минск и веднаш стана клучна алка од играта на екипата од Автокоманда.
Со него во тимот „пиратите“ стигнаа до титула во националниот шампионат, пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампиони и финале во Купот на Македонија.
Мх.П.











