Изминатиот период на улица „Будва“ се одвиваа градежни работи за изведба на атмосферска канализација, информираат од Општина Охрид.Зафатите, додаваат, ги изведуваше ЈП „Нискоградба“, а должината на поставената атмосферска канализација е 246 метри.Вкупната вредност на зафатот изнесува 2 072 829 денари. Финасиските средства се целосно обезбедни од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews