Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го изедначи рекордот на Рожер Федерер по бројот на седмици на првото место на АТП рејтинг листата. Ѓоковиќ од денеска ја почнува 310-та недела на врвот, со што го достигна успехот на Федерер.

На осми март следната недела, Ѓоковиќ ќе го надмине Федерер и ќе стане апсолутен рекордер по бројот на седмици поминати на врвот од АТП рејтингот.

Српскиот тенисер прв пат во кариерата на првата позиција се најде на 4 јули 2011 година. Потоа, четири пати се враќаше на првото место, а шест пати ја завршил годината како најдобар тенисер.

Како прв тенисер во светот Ѓоковиќ има скор од 387 победи и 53 порази, вклучувајќи 117 победи и 30 порази против ривали од топ 10. Во финалните натпревари од сите турнир има скор 39-13.

OhridNews