Атрактивни, но супер тешки противници добија македонските фудбалски надежи до 19 години во квалификациите за ЕП. Селекциите на Германија, Турција и Унгарија се последната пречка пред избраниците на Драган Бочески во пресрет на континеталниот собир наредното лето во Романија.
– Немавме среќа во ждрепката, добивме фудбалски велесили во групата 7 Германија и Турција се земји кои доста вложуваат во фудбалот, додека Унгарија е исто така далеку пред нас. Тоа сепак не значи дека однапред се предаваме, натпреварите се играат 11 против 11 па одиме во Истамбул да се надигруваме – вели Драган Бочески.
Селекцијата под 19 години ќе продолжи во исти ритам да се подготвува за престојните квалификации. Ќе продлжи континуираниот собир на репрезентативците , кои барем еднаш месечно ќе имаат мини подготовки.
– Првиот собир очекувам да го имаме во декември, потоа во март и април за кога е во план да одиграме пријателски средби – вели Бочески.
Квалификацискиот турнир се игра до 31 мај до 5 јуни во Турција. Континеталниот собир ќе се одржи во август 2011 година.
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Пред ГРК Охрид е згуснат распоред на натпревари во февруари Освен обврските во домашното првенство, „гладијаторите“ ги очекува и двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Pрага Серија...
Во 1 кошаркарска лига на Македонија викендов почнуваат натпреварите од плеј-офот кои ќе ги дадат патниците во Супер лигата Во првото коло ГКК Охрид денеска во салата „Билјанини извори“, ја пречекув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.