Европскиот вицепрвак Португалија, северниот сосед Србија и фудбалската велесила, Шпанија се противници во Б групата на Македонија на Европското првенство во Полска.


„Црвено жолтите“, делумно имаа среќа во ждребката одбегнувајќи ја групата А која го доби епитетот групата на смрта. Таму се домаќинот Полска, бранителот на трофејот, Шведска, Словачка и еден од главните фаворити за титулата Англија.

Во Ц групата која според имињата е најлесна се наоѓаат Германија, Чешка, Данска и Италија.

Групите:

Група А: Полска, Словачка, Шведска, Англија.

Група Б: Португал, Србија, Шпанија, Македонија.

Група Ц: Германија, Чешка, Данска, Италија

Натпреварите во А групата (16, 19, 22 јуни) ќе се играат во Киелце и Лублин, на Б групата (17, 20, 23 јуни) домаќини се градовите Гданија и Бигошч, додека мечевите од Ц групата (18, 21, 24) ќе се одиграат во Тичи и Краков.


Пласман во нокаут фазата односно во 1/2 финалето обезбедуваат првопласираните селекции во групите и најдобро вторатапласирана од трите групи.

Европскиот шампионат почнува на 16 јуни, а финалето закажано е на 30 јуни во Краков.

Мх.П.