Наградната игра започна во септември годинава, во чест на одбележувањето на четвртиот роденден на Вип оператор.
Добитничката на главната награда, Спасеска изразувајќи го своето задоволство и радост по повод врачувањето на наградата изјави:
„Задоволството на нашите корисници е нашата највисока цел. Максимално сме посветени на исполнување на нивните очекувањата, но со ист ентузијазам работиме и на нивно надминување, постојано изненадувајќи ги со нови, поволни понуди креирани по теркот на најновите светски технолошки достигнувања во оваа индустрија. Посебно сум возбуден што денеска имам можност да му донесам радост на еден наш корисник со надеж за многу убави моменти во иднина“, рече на врачувањето на наградите Флоријан Нидерсус, Главен маректинг директор на Вип оператор.
Освен првата награда AUDI A1, им беа доделени и два вредносни ваучери од по 5.000 евра на Mетодија Игњатов од Скопје и Катерина Мишовска од Тетово. Согласно правилата на наградната игра, сите корисници кои ја надополнуваа припејд сметката со кој било износ добија бесплатни инстант награди: бесплатни СМС пораки, бесплатни минути разговори и MB за Интернет сообраќај. 54 корисници кои ја надополнија својата при пејд сметка со износ од најмалку 200 денари, во периодот на траењето на наградната игра покрај загарантираните инстант награди, добија и вредни неделни награди како HTC Sensation, LG Оptimus 7, Samsung Galaxy 2, Samsung tab 10.1, Full HD TV и Laptop Asus.
извор: „Макфакс“