Утре во Касарна хаб ќе се одржи аудиција за прием на членови во првиот професионален детски хор „Бамбино“ во Охрид.

Аудицијата ќе започне од 12 часот и е отворена за дечиња на возраст од 6-14 години. За аудицијата заинтересираните дечиња ќе треба да припремат 3 песнички.

Детскиот хор „Бамбино“ ќе биде под уметничко раководство на м-р Снежана Караџовска,- Попова, професор по солфеж и историја на музика во Државното средно музичко училиште „тодор Скаловски – Тетоец“ во Струга.

Таа, истотака е долгогодишен познавач и истражувач на детскиот пејачки глас, која претходно во нашиот град го водеше Музичкото катче „Центарот за ран музички развој на деца од предучилишна возраст“.

OhridNews