Во 29-та рунда од германската бундеслига екипата на Аугзбург со минимални 1-0 го совлада Баерн Минхен и му ја запре импозантната серија од 58 натпревари без пораз. Моментот на одлука падна во 31-та минута кога Саша Мулдерс ја погоди мрежата на актуелниот германски  и европскиот првак.

Резултати : Аугзбург – Баерн Минхен 1-0, Ајтрахт – Мајнц 2-0, Нирнберг – Менхенгладбах 0-2, Штутгарт – Фрајбург 2-0, Вердер – Шалке 1-1.

Мх.П.