Тимот на „Аутодеск Македонија“ составен од пет инструктори од Битола, Штип и Скопје ја претстави програмата на Аутодеск САД, пред студентите на архитектонскиот факултет во склоп на Американ Колеџ Скопје. Акцент беше ставен на V-RAY плагинот кој овозможува фотореалистични рендери користејќи го софтверот 3DS MAX како матична платформа.

 

Веќе третта година „Аутодеск Македонија“ е единствена институција во земјава која има лиценца за сертифицирани курсеви за 3DS MAX.

-Овој настан е потврда дека и факултетските институции почнуваат да ја распознаваат нашата програма, која секако ќе ги доусоврши и дообучи нивните студенти. Со потпишување на меѓусебен меморандум за соработка овие две институции даваат можност студентите вклучувајќи се во процесот на обука реално да ги спознаат, научат и практицираат софтверите на „Аутодеск САД.По успешно совладување на курсот за 3DS MAX + V-RAY тие се стекнуваат со оргинална диплома од „Аутодеск САД која е признаена во цел свет.-посочуваат од тимот на „Аутодеск Македонија“.

 

„Аутодеск Македонија“ изготви специјална програма наменета за студентите по архитектура ставајќи акцент на архитектонските потреби за визуализација. Поголема група на студенти од различни години на отсекот архитектура заедно со инструкторите на „Аутодеск Македонија“ практично и теоретски реализираа 3Д работилница со која меѓусебно разменија корисни искуства и реализираа денски и ноќен рендер на екстериер.

OhridNews