Уште дваесетина 3Д-аниматори добија сертификат од Тренинг институтот „Аутодеск Македонија“, како резултат на последниот циклус на обуки, кои се одржуваа во Битола. Целта на овој обучувачки центар е да обезбеди високо квалитетен тренинг за софтверите од „Autodesk USA“.

„Аутодеск Македонија“ е формиран од страна на компанијата „Kumevbrothers production“ и е единствен тренинг центар во нашата држава кој ги поседува лиценците за ATC и ACC од „Autodesk USA“ и е единствен кој може да издава сертификати во име на Autodesk.

-Сите посетители на курсевите се стекнуваат со оргинални дипломи кои се добиваат директно од Аутодеск и тие дипломи се признаени во целиот свет. Компанијата исто така истражува  и бара талентирани поединци кои ги дообучува и сертифицира. Програмата за обука која се нуди, до сега се покажа како доста успешна, информираат од „Аутодеск Македонија“.

Оттаму појаснуваат дека со текот на годините ги усовршуваат програмите и изработуваат голем број на тренинг материјали, од кои дел се и на Македонски јазик.

Вакви обуки „Аутодеск Македонија“ традиционално на лето спроведува и во Охрид.

OhridNews