Локалната самоуправа објави јавен повик до доверителите на Општина Охрид и доверителите на единките корисници основани од Општина Охрид, од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е  (30) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.
Право на пријавување на побарување имаaт сите доверители за доспeaни, а неплатени обврски,  кои се пријавени на ЕСПЕО системот заклучно со септември 2018 година  со цел спогодбено утврдување на износот.

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Охрид  ќе ги разгледува пристигнатите пријави. За обврските на општината, градоначалникот пристапува кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината. За што се составува и потпишува записник за секој доверител.

OhridNews