Општина Охрид распишува Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија за лицата со ретки болести и посебни потреби за учебната 2021/2022 година.
Овие стипендии се воведуваат по иницијатива на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“. Ваквиот паричен надоместок ќе им помогне на лицата со попреченост кои сакаат да го продолжат образовниот процес во насока на креирање подобар и поуспешен живот.
Право на стипендија имаат лицата кои се жители на Општина Охрид,  редовни ученици, студенти, запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватни училишта и универзитети во РМ , да се пациенти со ретки болести и посебни потреби категоризирани со наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфични потреби, издадено од страна на центрите или други институции кои го утврдуваат тоа, да не повторувале година во текот на своето образование.
Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година, а ќе се исплатат во текот на 2022 година. Износот на стипендијата изнесува 1.500,00 денари за учениците со ретки болести и посебни потреби во основно и средно образование и 3.000,00 денари за студентите, магистрантите и докторантите на државните и приватни универзитети во Р.Македонија.
Според Правилникот за доделување стипендии, на лицата кои ќе добијат стипендија, а кои ќе дадат лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија, ќе им биде раскинат Договорот за користење на стипендијата, а исплатените средства се должни да ги вратат на Општината. Договорот за користење на стипендија, ќе биде раскинат и во случаи на недолично однесување во средината (противзаконски дејствија и нарушување на јавниот ред и мир).
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани, информираат од Општина Охрид.

 

OhridNews