Општина Охрид распиша Јавен повик на кој ќе биде избрана младинска организација која ќе раководи со младинскиот центар Охрид.
На Јавниот повик право на учество имаат младински организации, организации за млади кои се регистрирани согласно Законот за зрауженија и фондации и Законот за младинско учество и младински политики и неформални младински коалиции кои се активни на полето работа со и за млади.
Граѓанската организација потребно е да е регистрирана повеќе од две години, да има дадено свој придонес во областа на младинската работа, да има стратешки план и годишна програма за работа за тековната година. Организациите апликанти потребно е да достават соодветна програма за работа на центарот преку која ќе се спровеува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на аедницата преку неформално образование: обучување и подучување на млади, информирање, менторство и советување, информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности.
Младинскиот центар времено ќе биде лоциран во дел од просторот во поранешната касарна во Охрид. Просторот е отстапен на трајно користење на Општина Охрид.
Младинскиот центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други апекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, стои во Јавниот повик објавен од Општина Охрид.
OhridNews












