Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на компанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охридското Езеро, велат од Министерството за локална самоуправа.
Активностите се дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма на Република Северна Македонија – Република Албанија.
Во рамките на овој стратешки проект, ЕУ планира да обезбеди грант за набавка на два соларни брода за крстарење кои ќе се користат за меѓународните езерски патнички линии, што ќе го направи регионот на Охридското Езеро една дестинација за сите. Со цел да се избере правниот концепт на компанија која работи на најпрофитабилен начин, одлучено е да се отвори тендер за избор на Експерт/и кои ќе можат да изработат физибилити студија за избор на правниот концепт на оперативната компанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охридското Езеро, се наведува во повикот.
Заинтересираните лица кои имаат експертиза за изработка на ваква студија и ги исполнува условите од овој повик кои се детално наведени на веб страната на Министерството за локална самоуправа, треба да ги достават апликациите најдоцна до 31 мaрт 2022 година на е-маил адреса: [email protected].
OhridNews












