Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид објави: Јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини).

Секторот за Туризам и ЛЕР согласно програмата за 2022 година има определено средства во износ од 300.000,00 денари. Откупот ќе се реализира преку откупување на фотографии со мотиви од Охрид кои до сега не се користени во рамки на други промотивни материјали за Охрид. Износот по фотографија да не надминува 7.000,00 денари во бруто износ по фотографија, се надевува во описот од Јавниот повик.

На јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани субјекти, правни и физички лица кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал.

Повеќе информации заинтересираните лица може да најдат на општинската интернет страна.

OhridNews