Општина Охрид ќе врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000,00 денари.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе ги покрива трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата, информираат од општината.
Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од Општина Охрид имаат лицата со статус на корисник на социјална помош или корисник на постојана парична помош или невработено лице подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен.
Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2022 година, заклучно со 31.12.2022 година.
OhridNews












