Општина Охрид распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2019 година, заклучно со 31.12.2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид  имаат лицата со статус на:

Јавниот оглас ќе трае до 22.02.2019 година а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат цело време додека трае Огласот.

OhridNews