Општина Охрид во партнерство со програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објавува Јавен Повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Проектот кој е финансиран од ЕУ се спроведува во шест земји/ територии од Западен Балкан, истиот ќе трае до 2024 година и има за цел зајакнување на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан.

Во проектот ReLOaD2, покрај Охрид вклучени се уште седум општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани и Куманово.


Општина Охрид и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени  приоритетните области меѓу кои Младински активизам и партиципација, родова еднаквост, еконномска и социјална инклузија, туризам и заштита на животната средина и култура.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024).  Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023, информираат од Општина Охрид. 

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

 

OhridNews