Објавен Јавен повик за субвенционирање на регистрирани занаетчии (категорија 2) на подрачјето на Општина Охрид за 2022 година.
Предмет на Јавниот повик е субвенционирање на занаетчии регистрирани во Регионалната занаетчиска комора, за набавка на репроматеријали, алати или машини потребни за вршење на дејноста. Висината на субвенциите за оваа категорија е максимални 50.000 мкд се наведува во повикот.
Право на учество на јавниот повик имаат сите регистрирани занаетчии кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран на подрачје на Општина Охрид, занаетчии кои имаат намирени обврски кон Општина Охрид, (комунална такса – фирмарина) за претходната година заклучно со датата на поднесување на барањето – овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат, занаетчии кои започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии) и новорегистрирани занаетчии кои добиле еднократна парична помош за регистрирање на дејност преку овој Правилник, се додава во повикот.
Деталите за начините и услови за аплицирање се објавените на веб страната на Општина Охрид.
OhridNews












