Општина Охрид објави јавен повик за пројавување на интерес за користење на недвижен имот–Туристички Инфо Центар.
Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес за користење без надоместок на недвижен имот – урбана опрема културно – информативен киоск туристички инфо центар лоциран на КП. Бр. 15392 КО Охрид 3, со вкупна површина од 5,33 м2 поставен согласно одобрението бр. 19-612 од 05.05.2016 год. со намена за користење на објектот во насока на обезбедување информации за опслужување на туризмот и посетителите на Охрид со времетраење од 1 година (од 01.11.2019 до 31.10.2020год.). Користењето на Инфо центарот да биде исклучиво некомерцијално (без остварување на профит), а со цел промоција на туристичките вредности и производи на Охрид, давање информации од областа на туризмот, културата, спортот и слично. Да вршат информирање за различни настани и манифестации, да дистрибуираат промотивен материјал за туристички содржини и сл.
Во никој случај не е дозволено: продавање на добра и услуги, директно посредување при продажба на добра и услуги и било какви други активности кои во објектот би генерирале профит. Корисници на туристичкиот инфо центар можат да бидат невладини организации, здруженија на граѓани и други непрофитабилни правни лица. Во случај на исполнување на условите од повеќе корисници, истиот ќе им се додели рамноправно во одредени временски интервали. Поддршка што Општина Охрид ја нуди при користење на туристичкиот инфо центар е ослободување од плаќање надоместок за користење на просторот (закупнина).
Повеќе детали за јавниот повик заинтересираните можат да најдат на интернет страната на општина Охрид.
OhridNews












