Градот Охрид, Охридското езеро и Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) ќе бидат домаќини на три пливачки манифестации во август месец. Осмиот месец од годината, на едно место, во Охрид, во период од две недели ќе ги собере најдобрите светски пливачи.

Настаните имаа за цел да ја подигнат свеста за значењето и важноста на овој базичен олимписки спорт и да ја пренесат пораката дека Северна Македонија е подготвена за вакви сериозни и големи пливачки шампионати, – стои во соопштението од ПФСМ.
Трките „Len Open Water Cup 2021“ и ФИНА трката се под покровителство од премиерот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, а ПФСМ посакува традиција со „големиот маратон“ да продолжи и претседателот на државата да биде генерален покровител.
OhridNews











