Авион на Рајанер кој се обраќал на релација Даблин – Задар, принудно слетал во Франкфурт, Германија, поради пад на притисокот во кабината, при што повредени биле 33 патници, пренесуваат хрватските медиуми. На повредените патнци им течело крв од ушите.

За само седум минути авионот се спуштил за 8000 метри, од 11.500 на 3.500 метри. Патник раскажува дека по предупредувањето од пилотите се спуштиле маските за кислорот и авионот бил во целосен мрак околу 15 минути. Завладеала паника.

Повредените патници се згрижени во болница. Во леталото имало 189 патници.

OhridNews
фото: Фејсбук