Aвион од Дубаи што слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк e ставен во карантин откако голем број патници се пожалиле на висока температура и мачнина. Десетмина од патниците се хоспитализирани.

Медиуми и патници во Њујорк јавуват дека голем број амбулантни возила се движат околу авионот. На аеродромот биле забележани и припадници на Секретаријатот за заштита на татковината – водечката служба за безбедност од надворешни закани во САД. Досега само на неколкумина членови на екипажот им било дозволено да го напуштат авионот.

Авиокомпанијата ,,Емирати” објави дека 10 патници на летот ЕК 203 почувствувале мачнина на летот од Дубаи до Њујорк. Локални медиуми во Њујорк претходно објавија дека се пријавени околу 100 патници со чувство на мачнина.

,Патниците веднаш биле прегледани од страна на локалните здравствени власти и ноние на кои им треба медицинска помош ќе бидат згрижени”, изјави портпаролката на авиокомпанијата.

Ен-би-си објави дека авионот кој слетал на аеродромот Џон Ф. Кенеди е ставен во карантин на пистата откако многу патниците се пожалиле дека се чувствуваат болни”.

Авионот слетал во JFK изутринава околу 9.10 часот, а на пистата го пречекале полицијата и Центрите за контрола на болести и превенција со цел итна проверка на патниците.

Канцеларијата на градоначалникот потврди на Твитер дека авионот слетал во ЈФК со заболените патници, велејќи дека авионот бил ставен во карантин.