Во авион со 156 патници, кој изминатиот викенд полетал од Скопје имало 24 позитивни на Ковид 19, утврдила контролата на аеродромот Турку во Финска, каде по слетувањето бил направен доброволен тест за присуство на корона вирус.

Најголем дел од патниците биле од Косово (95), потоа од Финска (60), а останатите биле државјани на Македонија (2), Албанија, Бугарија, Шведска и Естонија.

Сите позитивни ќе мора да бидат во двонеделен карантин. Доколку го прекршат се соочуваат со казна затвор од 3 месеци.

Случајот со авионот од Скопје ги натера финските власти да ја променат политиката на патување. Воведен  е задолжителен  карантин за лица кои доаѓаат од високо ризични земји каде стапката на заразени е 8-10 слуачаи на 100 000 жители.

„Епидемијата е на Балканот“ – изјави за медиумите министерката за семејни работи и социјални услуги на Финска Криста Кијуру.

Финска е земја со ниска стапка на заразени од ковид, 2-3 случаи на 100 000 жители. До сега во оваа земја се регистрирани 7601 случај со Ковид 19, а починале 333 лица.

OhridNews