Девет лица настрадаа при падот на американскиот воен товарен авион, вчера во сојузната држава Џорџија, на југот на САД. Локалните власти наведуваат дека на авионот, по 50 години летање, ова му бил последен лет.

„Потврдуваме дека во авионот имаше девет лица, пет члена на екипажот и четворица патници“, соопшти американската Национална гарда и додаде дека сите во авионот биле нејзини припадници.

Локалните медиуми пренесоа видеа од падот над авионот, како и од експлозијата на леталото. Засега не се познати причините за несреќата. Во прашање е авион „Ц-130“ од типот „херкулес“, кој полетал за Аризона извршувајќи го својот последен лет.

OhridNews
Макфакс