Во авионска несреќа кај Алмати, Казахстан, загинаа 15 лица. Во авионот на „Бек ер“ имало 95 патници и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти.

„Авионот ‘Фокер 100’ летал кон казахстанскиот главен град Нур-Султан кога при полетувањето почнал да ја губи висината, пробил бетонска ограда и удрил во помала зграда“, се вели во извештајот на Казахстанскиот комитет за цивилно воздухопловство.

При ударот, авионот се преполовил. Авионот полетал во услови на густа магла.

Спасувачките екипи извлекле 22 лица од авионот кои биле хоспитализирани со повреди опасни по живот.

Причината за несреќата сè уште не е позната. Комисијата за цивилно воздухопловство во Казахстан ги приземји сите авиони „Фокер 100“ додека не заврши истрагата.

„Тие што се одговорни ќе бидат строго казнети во согласност со законот“, објави казахстанскиот претседател Касим-Џомарт Токаев на „Твитер“, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

OhridNews

Макфакс