Авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на линија од Чикаго за Њу Џерси принудно слета во Кливленд поради пукнатина на еден од прозорците. Леталото безбедно се спушти на пистата, при што нема повредени.

Компанијата наведе дека авионот бил префрлен на технички преглед поради оштетување на еден од повеќесјлојните прозорци, како и дека вработените се обидувале да ги сместат 76-те патници во ново летало.

Пред две недели авион на релација од Њујорк до Далас, вонредно слета во Филаделфија поради оштетување на облогата на левиот мотор и скршен прозорец.