Авион „боинг 737-800“, на нискобуџетната турска компанија „Пегасус“, кој полетал од Обединетите Арапски Емирати, се излизгал од пистата додека слетувал на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул.

Патниците биле евакуирани, а аеродромот бил привремено затворен. Во инцидентот нема жртви или повредени и сите 164 патници се безбедно евакуирани.

Според првичните информации, причина за инциденот се силниот ветер и дожд.

OhridNews