Минатонеделната магла за кратко го раздвижи охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кон кој беа усмерувани летовите од аеродромот во Скопје, кој привремено беше затворен. По разведрувањето авионите повторно ретко полетуват и слетуваат на охридскиот аеродром. Тој според експертите ни оддалеку не е искористен, пред се во туристички цели, за што своевремено е и изграден. Според најавите на туристичките работници оваа година на охридскиот аеродром ќе има повеќе чартер летови од минатата година. Се очекуваат туристи од Холандија, Финска, Русија, а по завршување на реконструкцијата, која е во тек, ќе бидат подобрени и условите на аеродромот „Св. Апостол Павле“, кој Охрид треба да го поврзе со светот, што сега за жал не е случај.


Горан Момироски
стрип: Васко Бујароски