Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изврши вонреден надзор врз програмата на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ, Скопје, емитувана на 27 април 2017 година. Анализирани се два информативни блока, првиот „Дневен бриф“ во 18:17 минути со Бојана Димитријевска и „ТВ Нова вести“ од 21:35 со Билјана Василева Трендафилова.
-Со надзорот е констатирано дека при известувањето за случувањата во Собранието на РМ, не се почитувани професионалните начела за вршење на дејноста, односно дека телевизијата не обезбедила објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања, што е спротивно на член 61 став 1 алинеја 9 од ЗААВМУ, информира АВМУ.
OhridNews