Јавна дебата за дефинирање приоритети пред објавување јавен повик за граѓански организации ќе се одржи во четврток во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12.30 часот.

Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските буџети, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации. Дефинирањето на приоритетите за јавниот повик претставува клучна задача во овој период пред објавување на јавниот повик, информираат од општина Охрид.

На дебатата ќе се дискутира за предложените приоритети меѓу нив младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија, како и за туризам, заштита на животна средина и култура.

OhridNews