На пет дена од почетокот на возбудувањата во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го промовираше Хери Мегвајер. Дефанзивецот на Олд Трафорд  од тимот на Лестер се пресели за 80 милиони евра што преставува рекорден трансфер за играч од последната линијата на теренот.

  • Мегвајер е еден од најдобрите стопери во денешниот фудбал и презадоволен сум што успеавме да го ангажираме. Одлично ја чита играта, моќен е во дуелите и ќе биде опасност во двата казнети простори за нашите противници. Веќе го видов дека добро се вклопува во тимот. – изјави менаџерот на „ѓаволите“, Оле гунар Солскјер.

Мегвајер потпиша шестгодишен договор и ќе треба да виде решение за проблемите во одбраната кои долги години го мачеа Манчестер Јунајтед.

  • Пресреќен сум што направив трансфер во клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Уживав играјќи во Лестер и сакам да им се заблагодарам за сите заеднички моменти. Кога добив официјална понуда од Јунајтед веднаш разговарав со менаџерот и му ставив до знаење дека сакам да се преселам на Олд Трафорд, бидејќи таква прилика се добива еднаш. Имав разговор со Солскјер и многу ми се допаѓа неговата филозофија и идеја за изгледот на Манчестер Јунајтед. Со нетрпение чекам да се запознаат со фудбалерите и да почниме да играме. – истакна Мегвајер.

Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед шанса за деби ќе има в недела во дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси кои ќе означи почеток на Премиер лигата.

OhridNews