Фудбалерите на Манчестер Јунајтед му приредија вистински пекол на Френк Лампард, откако со 4-0 славеа во дербито со Челси во првата рунда од англиската Премиер лига.

Легендата на Челси имаше деби за заборав а најголеми виновници се „црвените ѓаволи“ кои одиграа феноменален натпревар. Фудбалерите на Челси добро го отворија мечот и погодија статива преку Абрахам, но тоа беше се што направија на Олд Трафорд.

Домаќините со погодокот на Маркус Рашфорд од пенал го начнаа резултатот и наговестија атак на трите бодови. Избраниците на Оле гунар Солскјер во 65-та минута зголемија на 2-0 со голот на Ентони Марсијал. Две минути подоцна Рашфорд со вториот погодок стрелаше за 3-0. Конечните 4-0 ги постави Даниел Џејмс, кој го запиша првиот погодок во официјален натпревар за Манчестер Јунајтед.

Во рамките од денешните натпревари Арсенал со минимални 1-0 го совлада Њукасл на гостински терен, додека Лестер и Вулверхемптон ги поделија бодовите ремизирајќи 0-0.

OhridNews