Пласманот во топ 4 на табелата во англиската Премиер лига е речиси невозможна мисија за Тотенхем и Жозе Мурињо, откако „петлите“, денеска, претрпеа пораз 1-3 од Манчестер Јунајтед, во дерби пресметката од 32-та рунда.

„Црвените ѓаволи“ на најдобар начин им се одмаздија на лондоначани за убедливиот пораз на „Олд Трафорд“ кога гостите славеа со 6-1. Во гол разлика победите не се идентични, но неуспехот може скапо да ги чини Мурињо и Тотенхем.

Тотенхем прв поведе, откако мрежата на гостите ја погоди Сонг во 40-та минута од натпреварот. Манчестер Јунајтед победата ја обезбеди со три голови во второто полувреме. Бразилецот Фред изедначи во 57-та минута, а Кавани 79-та погоди за 2-1. Триумфот го завери Гринвуд со погодок во судиското продолжение.

Во големата четворка се проби Вест Хем кој славеше во дербито со Лестер со 3-2, а Њукасл освои значајни три бодови во трката за опстанок победувајќи го Барнли со 2-1.

OhridNews