Градските ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити ја продолжија борбата за првата позиција во англиската Премиер лига, победувајќи на денешните натпревари против Фулам 2-1 односно Астон Вила 2-0.

„Црвените ѓаволи“ уште една сезонава го потврдија надимакот „кралови на пресвртите“, откако на „Кревен Котиџ“ извојуваа триумф 2-1, иако имаа негатива 1-0. За Фулам погоди Локман во 5-та минута од натпреварот. Резултатот го изедначи Кавани во првиот дел, а во второто полувреме Погба со прекрасен погодок го комплетираше пресвртот и донесе триумф за гостите.


Манчестер Сити во последните 15-та минута го скрши отпорот на Астон Вила на „Етихад“ стадионот. Лекот за гостиното го најде Бернандо Силва, а печат на победата стави Илкај Гундоган од пенал.

Манчестер Јунајтед е лидер на табелата со 40 бодови, второпласиран со два бодови помалку е Манчестер Сити кој има меч за играње. Третопласиран е Лестер.

OhridNews