Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го одреди ангажманот на Жадон Санчо од германскиот клуб Борусија Дортмунд како приоритет број еден во летниот преодниот рок.

„Црвените ѓаволи“ решителни се да го обезбедат потписот на младата англиска ѕвезда. Клубот од Олд Трафорд остварил први контакти со менаџерот на Англичанецот и договорот треба да биде финализиран на почетокот од летото.

„Милионерите“ задоволно тријат раце поради Санчо за кој интерес има од Челси, Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул. Актуелната цена на Санчо на трансфер маркетот изнесува 80 милиони евра, но сигурно германскиот клуб ќе се потруди да извлече повеќе со оглед на големата заинтересираност.

Англискиот репрезентативец првите фудбалски чекори ги направил во Ватфорд, а краток временски период бил дел од акадеимјата во Манчестер Сити. Санчо бил дел од младинскиот состав во Борусија Дортмунд и после само шест месеци добил прекоманда во сениорскиот тим.

OhridNews