Младите и здрави дрвја од дрворедот на улицата „Македонски Просветители“ се пресадуваат во градскиот парк.

Заради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на улицата здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори Ј.П.„Охридски Комуналец” ги засадува во градскиот парк на локации каде претходно се отстранети стари и деградирани дрвја. Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите, информираат од претпријатието.

Претходно, како што информираа од Општина Охрид, заради првата фаза од реконструкцијата на булeварот „Македонски Просветители“, беше предвидено отстранување на стариот дрворед од 49 липи и 13 костени, дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и штетници со значителни физички оштетувања по разни основи и заболени дрва кај кои не постои можност за успешно санирање на нивната здравствена состојба.

Од општината информираа дека со завршување на градежните активности, согласно предвидениот проект ќе биде засаден нов дрворед со соодветни садници.

OhridNews