Професор на австралискиот Национален универзитет Хју Вајт, поранешен функционер во секторот одбрана, верува дека Кина и Јапонија полека се движат кон војна, која би можела да избувне во 2013 година.

Според него, неодамнешните повреди на јапонскиот воздушниот простор од страна на кинески воени авиони, како и изборот на националистички ориентиран премиер на Јапонија, се сигурни знаци дека двете азиски суперсили одат во таа насока, пишува во саботното издание австралискиот весник „Сиднеј Морнинг Хералд“, пренесува „Макфакс“.

Вајт во својата колумна во весникот пишува дека тензиите што сега се развиваат меѓу двете земји се меѓу предусловите кои во минатото доведувале до војна, па дури и тогаш кога конфликтот не бил во ничиј интерес.

Вајт наведува дека САД без сомневање ќе бидат вовлечени во таа војна, како поддршка на Јапонија, а тврди и дека нема гаранции оти оваа војна би била кратка и едноставна.

Кина и Јапонија спорат околу ненаселени острови во Источнокинеското море, кои обете земји ги сметаат за свои.

Во последните неколку години Кина стана посилна и попродорна. Америка одговори со стратешко лидерство во Азија, но сега Кина го возвраќа ударот на претседателот Барак Обама со земање на Јапонија за цел.

„Ниту една земја не би победила во таа војна која би била разурнувачка, не само за нив, туку за сите нас“, заклучува Вајт.

OhridNews
извор:„Макфакс“