Во рамките на неколкудневната посета на Македонија, австралискиот лобист и член на парламентарната група за поддршка и соработка со нашата земја Лук Симпкинс, денеска имаше средба со градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Гоце Симоноски. По работната средба австралискиот парламентарец ги разгледа најзначајните природни и културно историски знаменитости на Охрид.


– Јас сум ваш долгогодишен поддржувач во австралискиот парламент и имам објавено многу статии посветени на Македонија. По посетата на Охрид и Македонија моите впечатоци се извонредни и Ви ветувам дека по моето враќање во Австралија ќе ги интензивирам политичките активности за ваша промоција, а на моите најблиски реално ќе им ја раскажам една од најубавите приказни што ми се случиле во животот –рече австралискиот парламентарец Симпкинс.

Градоначалникот Александар Петрески , гостинот го информира за богатата историја на древниот Охрид. – Охрид и Македонија ви ја изразуваат длабоката благодарност за лобирањето за Македонија, а особено за решавање на проблемот со името со Грција и очекуваме дека тие напори ќе вродат со плод и Македонија ќе стане членка на Европската унија и НАТО – рече градоначалникот Петрески.

OhridNews