Неодамна учествуваше на државното првенство во Go-Kan-Rou (дисциплина во карате) во Австралија. Докажа дека знае и умее да ги надмудрува и совладува своите противници. Тоа го прави со задоволство Македонецот Пеце Наумоски. Сега како државен првак на 30-ти мај треба да отпатува во Бермингем, Англија каде ќе ги одмери силите со најквалитетните каратисти од целиот свет, со надеж дека дома ќе се врати со уште еден пехар, односно како светски првак.
Интересно е тоа што многу бизнисмени кога разбраа дека Пеце Наумовски стана државен првак самите го пронашле и не штедејќи, го одврзале ќесето така што сите финансиски средства (околу 4.000 долари) потребни за престојот и патувањето до Англија ги обезбедиле токму тие.

Родителите на Пеце имаат потекло од Свиништа и Опеница, охридско, а сега живеат во Мелбурн, Австралија. Останува да му посакаме се` најдобро на светското првенство. Ќе ја преставува Македонија како каратист и се надеваме дека ќе го видиме вечерта на 10-ти јуни во „Македонскиот центар“ како светски шампион.
Никола Ставрески










