Стотици возила денеска продефилираа низ охридските улици на авто протестот што го организираше здружената опозиција.

Авто протестот заврши на улицата „Никола Карев“ во близина на маркетот Тинекс, каде се одржа граѓански парламент.

На присутните им се обрати пратеникот од редовите на СДСМ Митре Вељаноски, кој потенцира дека овој месец асоцира на славниот февруарски поход, кога народот со песна  гинел за слободата.

Во сабота борците со своите 90 годишни колеги најавуваат повторен февруарски поход во Македонија. Дојдоа да владеат неодговорни луѓе кои не го почитуваат ниту законот ниту уставниот поредок. Не може да има среќа во една држава, во која се крева рака не само на пратениците, туку на сопствениот народ. Ова на Груевски не е едноумие, туку мафијашко владеење. Ова е борба за уставниот поредок, демократијата и слободата во земјава. Враќање нема. “ – истакна Вељаноски.

Пред граѓаните говореше и градоначалникот Александар Петрески, истакнувајќи дека избори без опозицијата нема да има.

Охрид треба да го заборават уште за многу години. Нашата борба е низ целата земја. Тие знаат дека нема друг начин како да го освојат градот, освен сами да излезат на избори. Но тоа нема да им го доволиме. Затоа немојте да се загрижувате за работите што се случуваат. Појаки сме од пред година и кусур, а тие далеку послаби. Затоа Груевски бега од парламентарни избори.“  – истакна Петрески.

Како што најавија од Здружената опозиција, најверојатно уште во наредната недела ќе се одржи масовен протест во главниот град, каде се очекува да присуствуваат илјадници граѓани од земјава.

OhridNews