Автобиографијата на популарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, влезе во потесниот круг за добивање на престижната шведска награда за литература. Наградата, која го носи името на најпознатиот шведски писател Аугуст Стриндберг, ќе биде доделена на 26-ти Ноевмри.

Делото насловено како  „Јас сум Златан“, предизвика сензација поради тоа што популарниот „Ибра“ во биографијата  ги објави несогласувањата кои ги имаше со поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола.

Инаку книгата беше објавена минатата година и достигна тираж од половина милион продадени примероци.

О.Т.