Патниот правец Охрид – Кичево е расчистен од снегот и оспособен за сообраќај за сите видови возила. За тешките товарни возила задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири), соопшти АМСМ.
Од претпладнево автобусите на најголемиот автопревозник АД „Галеб“ Охрид на релација кон и од Скопје, ќе сообраќаат преку Кичево. Од компанијата информираат дека магистралата Охрид – Кичево е расчистена и проодна.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила денеска единствено има на патниот правец Маврово – Дебар – Струга. На планинскиот премини Буково за тешките товарни возила задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири).
OhridNews