Утрово, на булеварот „Туристичка“ на излезот од градот, кај бензинската пумпа „Окта“ се случила полесна сообраќајна незгода. До сообраќајната незгода дошло кога автомобил, од засега непознати причини, удрил во електричен столб.

Од страна на екипа при СВР Охрид извршен е увид со цел да се утврдат причините за сообраќајната незгода.

OhridNews