Вчера околу 10 часот, 59-годишен државјанин на Република Албанија, пријавил дека во возилото „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, што го управувал кон граничниот премин Ќафасан, се случил пожар.

Истиот се појавил во предниот дел на возилото и бил изгаснат со интервенција на територијалната противпожарна единица од Струга.

Увид бил извршен од стручни екипи, соопшти СВР Охрид.

OhridNews
Фото:Илустрација