Автомобил со скопски регистарски таблички, рано утрово, изгубил контрола на кружниот тек кај гимназијата, ја пробил бетонската заштита и удрил во паркирано возило кај продавницата на „Жито леб“. Причина за незгодата најверојатно е неприлагодена брзина. Во инцидентот предизвикана е поголема материјална штета. Засега нема информации за здравствената состојба на патниците.

Ова е втора сообраќајна незгода за еден ден што се случува на кружен тек во Охрид поради неприлагодена брзина, исто така на булеварот „Туристичка“, на кружниот тек во близина на бензинската на „Окта“,  вчера рано утрото, возило ја проби бетонската заштита и удри во електричен столб.

Граѓаните се загрижени за безбедноста, особено на оваа сообраќајница каде поединци не ги почитуваат сообраќајните правила и знаци и возат исклучително брзо иако ограничувањето на булеварот „Туристичка“ е 50 километри на час. Оваа појава е зголемена со зголемувањето на бројот на гости и возила во градот. Тие бараат полицијата да преземе поригорозни мерки против неодговорните возачи пред да се случи поголем инцидент.

OhridNews