Најмалку две лица се повредени и пренесени во болница, откако автомобил удрил во пешаци пред џамија во Лондон.Инцидентот се случил утрово, по полноќ во областа Криклвуд во северозападен Лондон.
Според полицијата случајот се „третира како тероризам“. Возачот на автомобилот е во бегство.
За повредите „не се верува дека се опасни по живот“, а „полицијата во моментов ги разгледува сите можни причини за нападот“.