Во изминатата ноќ забележани неколку инциденти во светот.

Најмалку тројца луѓе се повредени и пренесени во болница, откако маж ги избоде на сред улица во Манчестер. Како што изјавиле очевидци, луѓе бегале и вриштеле додека напаѓачот ги бодел со нож. Повредените се маж и жена на околу 50 годишна возраст и еден полицаец. Нивните повреди се опишани како сериозни, но не опасни по живот. Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека полицијата го приведувала.

Најмалку осум луѓе се повредени кога засега неидентификуван млад човек со автомобил влетал меѓу пешаци на улица, каде се собирале за дочекот на Новата година во Токио. Напаѓачот е уапсен под сомнение дека намерно се обидел да убие луѓе со неговото возило. Инцидентот се случил во делот на градот познат по туристи и обожаватели на модата и поп културата кои се собираат на тоа место.

Дрвен мост се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ во московскиот парк Горк, при што најмалку 13 луѓе се повредени. Во моментот на уривањето, на мостот имало голем број луѓе кои се веселеле. Како што се наведува, никој од повредените не е во животна опасност.

OhridNews