Автомобил заврши во бетонските знаци на влез од Охрид, автопатот во изградба небезбеден, граѓаните свесни за опасноста
21.03.22 07:05
Среде бел ден автомобил со кичевски ознаки заврши во предупредувачките бетонски ознаки од автопатот во изградба. Незгодата се случи вчера на влезот од Охрид и е само уште една во долгата статистика од почетокот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
Од 2014 година амбициозно најавуваниот модерен автопат долг 57 километри никако да биде завршен. Се променија две влади и тројца премиери, без техничките, но изградбата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект остана незавршена. Во меѓувреме потпишани беа и анекси на договорот со изведувачот, а цената на автопатот значително порасна.
Граѓаните се свесни за опасностите кои ги демнат на патот во изградба. Но, дел од вината за бројните незгоди гледаат и кај возачите, кои често не ги почитуваат сообраќајните знаци и правила. Особено кога е во прашање дозволената брзина на движење. На тоа укажуваат и резултатите од анкетата што изминатиот период за сопствени потреби ја спроверде OhridNews. Oд 1513 читатели вклучени во анкетата 31% сметаат дека условите и состојбата на патот не овозможуваат брзо возење.
Речиси да нема ден а сообраќајната полиција да не изрече дузина казни за непочитување на дозволената брзина или други прекршоци во сообраќајот. Но, очигледно тоа не е доволно. Потребни се подобри системски решенија, но и промени во свеста на учесниците во сообраќајот, а тоа може да се постигне само со добра едукација, издржани законски решенија, неселективна примена на законите кон прекршителите и подобрување на очајната патна инфраструктура која е меѓу најлошите на Балканот.
Г.М.
Следна анкета: Дали околу стариот Чинар, симболот на Охрид заштитен со закон, треба да има тезги?
Во Влашка маала во Охрид, каде што живееше Антонио Савевски, се изработува мурал со неговиот лик, во знак на почит и траен спомен на младиот кошаркарски тренер и голем вљубеник во спортот Иницијати...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.