Членови на Урбан Стрит Кар Клуб Охрид деновиве се во Атина, Грција, на големата автомобилска изложба со учесници од цела Европа.
Настанот се вика “Japp vs All” и претставува вистински празник за љубителите на автомобилите, особено за оние кои ги ценат уникатните тјунинг и модифицирани автомобили.
Вкупно имаше 950 пријавени автомобили, од кои беа селектирани и изложени околу 150 автомобили. Меѓу нив се наоѓаат и 4 автомобили од нашиот клуб, и по 2 автомобили од Битола и Скопје, со што достојно го претставуваме македонскиот автомобилизам на европската сцена, велат од Урбан Стрит Кар Клуб Охрид.
Гордост е да се биде дел од ваков престижен настан и да се покаже дека и Македонија има што да понуди во светот на автомобилската култура, додаваат од Урбан Стрит Кар Клуб Охрид.
Г.М.